Во Делчево Винко Златковски го извади крстот од осветените води на Брегалница

Од:

На богојавленскиот собор во центарот на Делчево чесниот крст од осветените води на Брегалница го извади дваесетгодишниот Винко Златковски.

По одржаната литургија во црквата „Успение на пресвета Богородица„ литија со стотина верници пристигна на мостот во Центарот на Делчево, каде свештенослужителите од делчевското архиерејско намесништво на МПЦ – ОА пред мноштвото насобрани верници ги осветија водите на Брегалница.

– Од триесетината пријавени јас ја имав среќата да го извадам крстот и тоа ме исполнува со радост и верба во Бога и во подобрата иднина на мене и моето семејство и на сите луѓе во Делчево и Македонија изјави возбудениот младинец Винко Златковски од село Габрово.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Во српскиот град Лозница светиот крст се фаќаше во машка и женска категорија

А1он

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Дарко Паскоски го извади светиот крст од водите на студениот Црн Дрим во Струга

А1он

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он