Во Делчево одбележан Денот на востанието на македонскиот народ

Од:

Во Делчево денеска се одбележа 11 Октомври – Ден на востанието на македонскиот народ. По повод значајниот датум пред споменикот на паднатите борци свежо цвеќе положија делегација на општина Делчево, институции, политички партии, здруженија на граѓани, претставници на организацијата на резервни офицери, претставници на здружението на борци и пензионери.

Како што истакна градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, имињата на загинатите борци кои се испишани на спомен плочата како и имињата на над 20.000 загинати во НОВ стојат се темел на слободата на Република Македонија.

– Сегашните генерации и граѓаните на Република Македонија покажаа дека се доследни наследници на илинденците и генерациите од 1941 – 1945 и дека се цврсто решени по секоја цена да ја сочуваат сувереноста и независноста на Република Македонија со обврска и во иднина да ја доградуваме нашата држава во мир и соработка со соседите и сите земји во светот, рече Трајковски.

Своите животи во НОВ од Делчево ги дале голем број на борци, а на седумдесетина од нив имињата се испишани на спомен плочата во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври