Во Делчево 1.516 ученици ќе почнат настава од понеделник

Од:

В понеделник во Делчево новата учебна 2018/19 година ќе ја почнат вкупно 1.516 ученици. Прв пат во двете деветолетки во Делчево во училишните клупи ќе седнат 124 првачиња.

Како што инфомира директорот на деветлетката „Ванчо Прке“ Горан Велков, во централното и во подрачните училиште во Делчево настава ќе почнат да следат 590 ученици.

– Во ООУ „Ванчо Прке“ по реонскиот распоред се запишани 61 прваче, од кои девет ученици се запишани во подрачните училишта во селата Габрово и Ѕвегор. Со тоа вкупно нашето училиште брои 590 ученици. Ги известуваме родителите дека приемот на првачињата в понеделник е закажан за во осум часот, информира Велков.

Во централното ООУ „Св. Климент Охридски“ оваа година се запишани 50 првачиња, а во петте подрачни училишта во Град, Тработивиште, Разловци, Вирче и Стамер, годинава ќе има 15 првачиња. Прв пат во село Вирче годинава ќе нема прваче додека во село Град ќе има само едно прваче. Вкупно во ова училиште во новата учебна година настава ќе следат 568 ученици, заедно со девет ученици од паралелката за деца со посебни потреби.

Делчевската гимназија „М.М.Брицо“ учебната година ќе ја почне со 360 ученици. Во прва година се запишале 105 од кои 88 во гимназиска насока. Новите средношколци се распоредени во пет паралелки и една стручна паралелка од прехранбено-текстилната насока со 17 ученици. Во делчевскиот средношколски центар од вкупниот број на ученици 307 ученици учат во гимназиско образование, а 53 во стручните насоки.

Учебната година стартува на трети септември, а од сите три образовни институции во Делчево информираат дека се направени сите подготовки за навремен почеток и нормален тек на новата учебна година.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат