Во дебарско пронајдени повеќе парцели со канабис

Од:

Во месноста Орман, во атарот на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија, полицијата пронашла повеќе парцели засадени со канабис сатива соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Притоа, на парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес