Во Дебарско од почетокот на годината 60 пожари

Од:

Дебарската територијална противпожарна единица, која интервенира во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, односно подрачјето на Река, во изминатиот период од годинава интервенирала на 25 интервенции повеќе во однос на годината претходно.

Во овој период според командирот на единицата, Џетан Мифтароски, и причинетата материјална штета е поголема.

– Во изминатиот период од годнава сме имале 60 интервенции, од нив 53 се пожари, при што 27 на објекти, 24 на оторен простор и два на сообраќајни средства. Седум интервенции отпаѓаат на технички интервенци. Кога станува збор за пожарите во објекти тие се претежно во грејната сезона, а причина биле неисчистени оџаци, изјави Мифтароски.

Тој истакна дека штетата би била многу поголема, доколку не била брзата интервенција, што, како што вели тој, е резултат на добрата опременост, кадровската екипираност и обученост. Во последните десеттина години, додава, целосно е сменета претходната состојба, кога имавме две стари дотраени возила, а бевме тројца пожарникари.

Во рамки на добрососедската соработка а пред се од хуман аспект, нагласува тој, дебарската противпожарна единица интервенира при пожари и во соседните погранични албански населени места.

Поради периодот кој следува, со високи температури и сушење на вегетацијата, можна е поголема појава на пожари и аперли до жителите да бидат повнимателни при движењето и престој на отворен простор.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче