Во Дебарско навреме отворени гласачките места

Од:

Во општините Дебар и Центар Жупа точно во седум часот отворени се сите 43 гласачки места и гласањето се одвива без проблеми.

– Сите  27 гласачки места во општина Дебар се отворени точно навреме и до сега не се забележани никакви проблеми. Се надеваме дека во ваква мирна и демократска атмосфера ќе мине денешниот изборен ден. Во Единствениот избирачки список за општина Дебар, за претседателските избори запишани се 17.272 лица, додека за парламентарните 16.886 лица со право на глас, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија.

Во општина Дебар, која припаѓа на Шестата изборна единица, вчера правото на глас го остварија 142 болни и немоќни лица, од нив 31 за претседателските и 111 за парламентарните избори.

И во општина Центар Жупа, која припаѓа во Изборната единица 5, нема проблеми.

Според претседателот на општинската изборна комисија, Шефко Јусуф, во седум часот отворени се сите 16 гласачки места. Во Единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 6.066 лица. Вчера во оваа општина гласале 10 болни и немоќни лица.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“