Во Дебарско гласаа 152 болни и немоќни лица

Од:

Во општините Дебар и Центар Жупа, кои припаѓаат на шестата односно петтата изборна единица, денеска правото на глас  го остварија 152 болни и немоќни лица.

– Гласањето на полнолетните граѓани кои се во категоријата болни и изнемоштени се реализра без никаков проблем. Гласаа 142 лица, од нив, за претседателските 31 и за парламентарните 111 лица, изјави Али Реџа, секретар на дебарската Општинската изборна комисија.

Според Реџа, во единствениот избирачки список за општина Дебар, за претседателските избори запишани се 17.272 лица додека за парламентарните 16.886 лица со право на глас. Ќе се гласа на 27 избирачки места.

Во општина Центар Жупа, која припаѓа во ИЕ5 денеска правото на глас го оствариле десет болни и немоќни лица.

– Гласањето помина без никаков проблем. Се гласаше во четири избирачки места, Броштица, Долгаш, Горенци и Центар Жупа, изјави Шефко Јусуф, претседател на Општинската изборна комисија за општина Центар Жупа.

Во единствениот избирачки список во оваа општина запишани се 6.066 лица со право на глас кои утре нивното граѓанско право треба да го остварат на 16 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада