Во дебарската гимназија се запишале само 48 ученици

Од:

По првото пријавување од првиот уписен рок, во гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар непополнети останаа уште 84 отсто од вкупно предвидената квота од 340 ученички места.
Пријави со потребни документи за упис во гимназијата доставиле 91 ученик, при што 21 за настава на македонски додека 70 за настава на албански наствен јазик.

– Од пријавени запишани се вкупно 48 ученици во сите гимназиска насока, од кои 8 ученици за настава на македонски и 40 на албански наставен јазик, што значи дека слободни места имаме и тоа многу. За настава на македонски наставен јазик слободни се 128, додека за албански 164, од кои 130 гимназиска и 34 геодетско-градежна насока, изјави Шабан Алајбегу секретар на гимназијата.

Во двете пријавувања од првиот уписен рок за гимназиска насока учениците треба да имаат максимум 60 поени, додека за градежната насока 45. Во вториот уписен рок бројот на поените ќе биде намален.

Според педагошката служба на училиштето причина за вака минималниот интерес за упис се должи на тоа што завршените осмоодделенци најпрво за упис се пријавуваат во други средни стручни училишта во државава. Истро така, поради масовната печалба и миграцијата во други градови, бројот на учениците секоја година е се помал во основните што се рефлектира и во средното училиште.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска