Во Дебар во трка за градоначалник, Муфтија,пензионер и бизнисмен

Од:

Во општина Дебар, во трката за градоначалничкото место се тројца кандидати, двајца предложени од политичка партија и еден независен кандидат.

На сите тројца ова име е првпат да учествуваат на локални избори.

– Кандидатури поднесоа Ружди Љата, од ДУИ, Меџит Дика од ДПА и Ибрахим Колари независен кандидат, изјави претседателот на Општинската Изборна Комисија, Адриан Марку.

Љата е дебарски муфтија, Дика е дипломиран машински инжињер во пензија, додека Колари е бизнисмен, кој повеќе од триесет години работи во САД а над десет години има свој бизнис и во Дебар. Според Марку, за локалните избори се поднесени пет советнички листи и тоа две незвисни, односно предложени од група граѓани, потоа советничка листа предводена од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и од ДУИ и од ДПА.

Советот на општина Дебар брои 15 советници.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар