Во Дебар помеѓу складиран градежен материјал пронајдено оружје, муниција и марихуана

Од:

Полициските службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи, помеѓу скадран градежен материјал пронашле оружје, муниција и марихуана.

– Вчера околу 14 часот, помеѓу складиран градежен материјал на улицата „Црн Дрим“ во Дебар, по претходна пријава, полициските службеници пронајдоа една автоматска пушка, една рамка за автоматска пушка со 30 куршуми, една рамка за пиштол со 15 куршуми и една ќеса со марихуана, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека предметите се одземени и обезбедени за натамошна постапка и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он