Во четврток во Собранието почнува расправата по ребалансот на буџетот

Од:

Расправата по предложениот ребаланс на Буџетот за 2015 година, што Владата го усвои во петокот, во Собранието ќе почне на 23 јули годинава. Во четврток е закажана седница на матичната Комисија за финансирање и буџет на која на дневен ред е Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година. По предложениот ребаланс од четврток ќе се расправа и во Законодавно-правната комисија.

Целта со предложениот ребаланс е да се обезбеди засилена развојна компонента и задржување на социјалната стабилност. Причина за ребаланост на буџетот се вишокот средства од над 10 милијарди денари на приходната страна во првите шест месеци од годинава во однос на претходната година.

– Ребалансот не вклучува кратење на буџетите на ни еден буџетски корисник, туку претставува поместување на одредени позиции таму каде поради одредени политики, мерки и активности треба да се додадат средства или каде проектите се одвиваат подобро од што првично се планирале. Појдовните претпоставки за изработка на ребалансот вклучуваат и ревидирање на проекциите за БДП и за движењето на приходната и расходната страна, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по усвојувањето на ребалансот од страна на Владата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи