Во центарот на Скопје времен сообраќаен режим

Од:

Поради велигденските празници, во центарот на Скопје вечер од 18:00 часот до утре во 6 часот ќе има забрана за сообраќај на дел од бул. „Партизански Одреди“, од крстосницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со ул. „Даме Груев“, како и на дел од бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со ул. „Орце Николов“ до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“.

Од Град Скопје информираат дека автобусите коишто го опслужуваат јавниот градски сообраќај и се движат во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени. Ќе се движат по ул.„Димитрие Чуповски“, бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Френклин Рузвелт“.

Автобусите кои се движат преку бул. „Гоце Делчев“, во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по бул. „Илинден“ и ул. „Френклин Рузвелт“.

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по бул. „Партизански Одреди“ во насока исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул. „Френклин Рузвелт“, булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улиците„Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“;

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат од Карпош во насоката исток, преку булевар „Гоце Делчев“ ќе бидат пренасочени и ќе се движат по ул.„Френклин Рузвелт“ и булевар „Илинден“, вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и при тоа користејќи ги постојните автобуски стојалишта.

Од Град Скопје апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он