Во центарот на Гевгелија почна изградбата на нов станбено-деловен објект

Од:

Станбено-деловен објект во вредност од 3,5 милиони евра, почна да се гради во центарот на Гевгелија на локацијата на старата автобуска станица.

Проектот предвидува на овој простор да никне зграда висока 22 метри со корисна површина од околу 10.000 метри квадратни. На два ката под земјата ќе се градат гаражи,во приземјето ќе има супер маркет и други трговски единици, а на седум ката и во поткровјето ќе се изградат 50 станови кои ќе бидат понудени на продажба.

Градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, нагласи дека за општината ова е значајна инвестиција која потврдува дека политиката на локалната самоуправа за урбанизација е исправна.

– Ако не ги носевме урбанистичките планови, проектот немаше да се реализира. Изградбата на објектот ќе претставува поттик за натамошниот развој на стопанството и економијата во нашата општина, истакна Франгов и додаде дека општина Гевгелија секогаш ќе подржува такви проекти и ќе обезбедува услови за нивна реализација.

Градежните работи ги извршува фирмата „Мансард“ од Гевгелија, која во рок од три години треба да го изгради станбено-деловниот објект.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он