Во Центар масовно, со полициска асистенција гласаат жителите од Пустец

Од:

На гласачкото место кај ФФМ во општина Центар пристигнаа 10-тина жителите на Пустец, Република Албанија.

Реагирале контролори од една политичка партија, но припадниците на Алфите им овозможија непречено да гласаат. На лицата кои сакале ова да го снимат им се одземени мобилните телефони со целиот снимен материјал.

Во исто време во населбата Пролет, исто така во Центар, Алфите го обезбедуваа гласањето на жителите на Пустец. Никому не е дозволено да се приближи или да фотографира.

Во овие моменти се носат на гласање жители на Пустец кај Градежниот факултет и Капиштец.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември