Во Брвеница расте интересот за гласање: Излезноста до 11 часот повисока од првиот круг

Од:

Членови на Државната изборна комисија предводени од претседателот Бојан Маричиќ и денес во рамки на вториот круг посетија три избирачки места во Општина Брвеница каде се одвива втор круг од гласањето за избор на градоначалник.

Тие потоа одржаа и прес-конференција за медиумите, а претседателот Маричиќ со заклучок од теренската посета дека гласачите слободно и без сериозни проблеми излегуваат на гласање, а за тоа, според него, укажува и излезноста.

– До 11 часот на денешниот ден податоците од сите 24 избирачки места се дека излезноста изнесува 13,82 проценти, односно дека од вкупно запишаните 16 256 гласачи до 11 часот гласале 2245 граѓани. Најголема излезност до 11 часот се забележува во избирачкото место станува 2044, 22,12 проценти, додека најмала на избирачкото место 2047 каде има 5, 33 проценти, истакна Маричиќ.

Тој направи споредба со првиот круг и оцени дека има зголемена излезноста.

Во споредба со првиот круг излезноста во 11 часот е зголемена за 4,71 процент. Тогаш пред две недели во овој период 11 часот гласале 1480 гласачи или 9,11 проценти од вкупниот број на запишани гласачи, сега се 13,82 отсто односно 2245, рече Маричиќ.

Во однос на заштитата на личното избирачко право до 11 часот до ДИК е доставен еден приговор кој е усвоен и на гласач му е овозможено да гласа.

– Ние на трите места каде што поминавме секаде течеше нормално дека некаде каде што имаше повеќе метеж и повеќе обиди за идентификација, сите беа успешни, така што стана она што го видовме ние е еден зголемен интерес, но и нормален тек на гласањето, додаде тој.

Државната изборна комисија изутринава ги стави во функција бесплатната телефонска линија на која граѓаните можат да се информираат за прашања кои се од интерес на остварување на избирачкото право, како и телефонскиот број кој е наменет за лица со оштетен слух.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани

Брвеница денеска избира градоначалник

Горан Наумовски

Гласаа 104 болни и немоќни лица и 8 затвореници на изборите за градоначалник во Брвеница

А1он

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази