• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во Брисел до 14 часот гласаа 30 отсто од избирачите

by А1он26/04/2014 - 15:33160
Share0

Во избирачкото место 5.003 во Брисел, во рамки на Седмата изборна единица (Европа), попладнево стивна излезеноста. Само околу 30 проценти од регистрираните 777  гласачи во Кралството Белгија досега го остварија своето гласачко право.

Добивај вести на вибер

По редовното отворање на гласањето во 7 часот, за три часа повеќе од 100 македонски државјани го остварија своето право во македонската амбасада во европската престолнина. Од речиси 800 македонски државјани за гласање за парламентарните, само 98 од нив се пријавени за претседателските избори.

Според членот на Избирачкиот одбор Душко Симјаноски, досега изборите се одвиваат во извонредна и европска атмосфера.

– Во Дипломатско-конзуларното претставништво (ДКП) во Брисел се одвива втор круг на претседателски избори и предвремени парламентарни избори кои минуваат во фер и демократска атмосфера. Имаме типично европски избори што и наликуваат на Република Македонија. Од вкупно запишани 98 избирачи за претседателските избори, до 14 часот гласаа над 60 гласачи, додека за парламентарните избори, од вкупно запишани 777 гласачи, излезеноста досега е 264 лица. Во текот на денот продолжуваме со избирачкиот процес и очекуваме да продолжи на идентичен начин во фер и дмеократска атмосфера, посочува Симјаноски.

Македонските иселеници во белгиското Кралство беа воодушевени од можноста и тие со нивниот глас да влијаат на судбината на својата татковина. Некои од нив побараа и да не бидат заборавени од своите сограѓани.

– Денеска во амбасадата во Брисел гласам со цел и желба нашата држава да напредува. Мојата желба е младите да напредуваат, да имаат пристојно место и држава за живеење и работни места, преку изградба на фабрики. Ја поздравувам Република Македонија и нашиот народ со порака да не заборават на нас иселениците во Белгија и од другите прекуокеански земји и ги замолувам да мислат и на нас, изјави на Луба Масалковска, пензионерка од Брисел.

Единствен проблем на денешното гласање во Брисел е што околу 70-тина македонски државјани, иако пријавени, поради различни пропусти при поднесувањето на пријавата за гласање, од Државната изборна комисија не биле заведени во избирачкиот список, па иако се појавија на гласачкото место, тие не добија можност да го остварат гласачкото право. 

dijasporaizbori

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 08:25

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен