Во близина на Груевски само ако прво Влада те акредитира

Од:

На екипата на „А1он“ не и беше дозволено денеска да влезе во Клубот на пратеници, на прес конференција на премиерот, Никола Груевски, затоа што им беа побарани акредитации од Влада. Новинарот и фоторепортерите покажаа прес картици, но тоа не беше доволно и обезбедувањето не им дозволи да присуствуваат на пресот.

Редакцијата до сега не добила никакво известување од Владата или од Клуб на пратеници дека се потребни владини акредитации за на новинари да им биде дозволен пристап. Акредитациите не беа потребни на серијата лидериски средби што изминативе денови беа одржувани во Клубот и каде присуствуваа повеќе функционери вклучувајќи и високи претставници од ЕУ, туку новинарите влегуваа со редакциски прес картици.

Обезбедувањето стапи во контакт со лица од Владата за да праша дали новинарите сметаат да влезат, но добија негативен одговор.

-Ни рекоа дека не смееме да ве пуштиме – им се обратија на новинарите.

Зелените акредитации им беа поделени на некои новинари на последната прес конференција во Владата со Груевски и Нуланд.

Денеска од таму пратија соопштение до медиумите дека премиерот ќе присуствува на потпишување на договор за нова инвестиција. Владините служби имале можност да ги известат редакциите дека ќе бидат потребни акредитации од една институција за да се влезе во друга.

Прашуваме: Зошто во овие критични моменти во македонската политика продолжува да се опструира работата на новинарите? Зошто се блокира јавното известување? Зошто премиерот во континуитет ги избегнува новинарите? Зошто на неговите прес конференции и понатаму не е дозволено да се поставуваат прашања? Зошто се прават напори за да се избегнат прашањата на јавноста? Дали е ова дел од стратегијата на владејачката партија да го девалвира новинарството, што се покажа и вчера откако вицепремиерот, Владимир Пешевски физички нападна новинар кој му поставуваше легитимно прашање?

Редакција на А1он

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ