Во Битола уапсени три лица поради производство и продажба на дрога

Од:

Три лица се уапсени во Битола рано изутринава поради производсто и продажба на дрога, соопшти МВР.

По претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола и полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Битола во 3:30 часот во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи извршена е контрола во угостителски објект на улица “Македонски гемиџии” во Битола.

При контрола на објектот легитимирани се 15 лица и од слобода се лишени три лица поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Уапсени се Ф.А.(33), Ф.И.(20) и В.И.(28) сите од Прилеп.

При контролата кај лицата е пронајдена една најлонска паковка со грутчеста материја, која со потврда е одземена од Ф.А. и дадена за вештачење.

Би можело да ве интересира

Крадец се обидел да убие тројца, пукал и кон полицијата, кривична за 29-годишник

Катерина Ѓуровски

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он