Во Битола уапсен скопски крадец осуден на казна затвор од три ипол години

Од:

Денеска (04.08.2022) во 11 часот на улица „Караорман“ во Битола, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(31) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во полициската станица Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Би можело да ве интересира

Загина при бегство по обид за грабеж – се заплетка во електрифицирана мрежа

А1он

Скопјанец „испумпал“ милиони од фирмата во која работел

Горан Наумовски

Уапсен е македонски државјанин во Србија – ограби пет обложувалници и пошта

А1он

Полицијата во Вараждин бара необичен крадец

Поднесено е обвинение за 19-годишник осомничен за неколку тешки кражби во Скопје

На дело е уапсен малолетен крадец од Прилеп