Во Битола се одржа работилница за новинари и граѓански организации „Истражувачко новинарство за поттикнување на реформи“

Од:

Новинари, медиумски работници и граѓански организации од Битола, денеска учествуваа на работилница фокусирана на застапеноста, проблемите и мотивите за практикување истражувачко и аналитичко новинарство во медиумите и користењето на граѓанските организации како извор на информации.

Според Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации недоволно и исклучително малку е застапено истражувачкото новинарство во македонските медиуми како можност новинарите да ги расветлуваат проблемите на граѓаните.

– Минатата година придонесот на истражувачкото новинарство изнесуваше само пет отсто од вкупните информативни содржини објавени во медиумите. Потребата од истражувачко новинарство е неопходна и таа е нотирана и во последниот извештај на Прибе и неговата експертска група. Факт е дека ние не можеме да ги откриваме и да говориме за системските проблеми во нашата држава ниту сериозно да информираме за проблемите со кои се соочуваат граѓаните доколку медиумите не практикуваат истражувачко новинарство, посочи Факиќ.

На работилницата во Битола, новинарката Тамара Чаусидис од БИРН истакна дека клучно за реформи и демократски капацитет на општеството е да се развива новинарството разбрано како критички осврт на општествените состојби во државата.

– Истражувачкото новинарство е столбот врз кој се потпира професијата но и суштината и причината за постоењето на медиумите како бранители на јавниот интерес. На работилницата се фокусиравме како да дојдеме до подобра соработка меѓу невладиниот сектор и медиумите кои заедно го содржат цивилното општество и кој треба независно да делува од партиските и бизнис центри на моќ, нагласи Чаусидис.

Актуелни истражувања и анализи на невладините организации и нивниот потенцијал во функција на новинарски истражувања, на работилницата во Битола презентираше Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on