Во Битола е оддржана акција од група граѓански активисти под наслов: „И воздухот во Битола подлегна под корупција!“.
Изведена е артивистичка герила акција за влијанието на корупцијата во животната средина.
Во рамките на проектот Млади против корупција, Националниот младински совет на Македонија од 26 до 29 февруар одржа „Зимска Школа“ – АРТивизам против корупција во Хотел Моликка – Пелистер, каде што 24 учесници се запознаа одблиску со различните форми на корупција и како тоа да го адресираат низ креативен начин.
Овој проект е со цел да ги запознае младите со методи за спречување корупција преку организирање работилници, јавни дебати и кампања на социјалните мрежи со цел да се предизвика општествена одговорност и да се охрабри активно учество на младите во спречувањето на корупцијата.
Присуството на корупцијата во државата влијае на животите на младите луѓе, ги ограничува нивните професионални аспирации, и ги присилува да мигрираат надвор од државата, велат од организацијата.
Од оваа „Зимска Школа“ произлезе герила акција што учесниците ја спремија за да ја адресираат важноста за чистиот воздух и како корупцијата влијае индиректно на нашето здравје.
Самата акција се состои од визуелна претстава на лост во кој што парите, корупцијата и негрижата за животната средина се над интересите и здравјето на граѓаните во Битола.
Воедно, активистите во акцијата ја преведоа и познатата песна на Кочо Рацин “Денови”, која што ги опишува маките на граѓаните соочени со овој проблем, меѓутоа и аздисаноста и алчноста на елитите кои за животно загрозувачките прашања на луѓето не се откажуваат од големите профити што го уништуваат нашето здравје и го прави нашиот живот потежок.