Во Битола одбележан Денот на руската дипломатија

Од:

Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот руски конзулат во Македонија денеска во Битола со положување венци на споменикот „Руски крст“ во градскиот парк го одбележаа Денот на руската дипломатија.

– Градот Битола е со голема традиција и за Русија тоа има големо значење бидејќи тука бил отворен првиот руски конзулат на Балканот. Руската дипломатска служба е со долга традиција и со гордост токму во Битола го одбележуваме Денот на руската дипломатија, рече Олег Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија.

На одбележувањето на Денот на руската дипломатија во Битола присуствуваа на кој присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, личности од јавниот живот и други гости, се обратија и почесниот руски конзул во Битола Сергеј Самсоненко и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Церемонијата се одржува секоја година и, според старата традиција, создадена од руските дипломати кои работеле во Македонија, се одржува токму во Битола кај Рускиот крст. Споменикот е подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој во 1903 година исполнувајќи го својот службен долг загинал од раката на османлиски војник, соопшти Руската амбасада, додавајќи дека со овој настан им се оддава почит на сите дипломатски службеници кои загинале за време на исполнувањето на своите службени обврски.

Празникот на руската дипломатија е утврден со Указ од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин од 31 октомври 2002 година. Се слави на 10 февруари затоа што на тој ден во 1549 година е првото спомнување на „Посолскиот приказ“ односно првата надворешно-политичка служба на Русија.

Би можело да ве интересира

„Скај њуз“: Путин ги покажа Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон како руски територии

Кирил Дмитриев: Одбивањето да се користи руски имот за кредити во Киев ќе биде победа за законот

Горан Наумовски

Мерц: Бескаматниот заем за Украина е политичка порака до Русија

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

Путин: Руската економија стабилна и покрај предизвиците, инфлацијата во 2025 година најмногу 5,8 проценти

Европската Унија постави услов за деблокирање на руските средства