Во Битола од 1.754 сообраќајни контроли, констатирани 327 прекршоци

Од:

Во текот на изминатата седмица Секторот за внатрешни работи-Битола изврши сообраќајни контроли на вкупно 1.754 возила, при што констатирани се 327 прекршоци.

Од СВР-Битола посочуваат дека и понатаму најчести се сообраќајните прекршоци во кои возачите ја пречекоруваат дозволената брзина и тоа во 105 случаеви, управување на возило без возачка довола, а се почесто прекршоци прават и пешаците.

– СВР-Битола на територијата на општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Прилеп и Крушево, во 10 случаи е констатирано присуство на алкохол кај возачите, 19 нерегистрирани возила или со измината важност на сообраќајната дозвола, 33 случаи на погрешно паркирање, 24 – некористење на сигурносен појас, 7 – користење на мобилен телефон при управување со возило, 1 случаj – минување на црвено светло и 37 прекршоци кои ги предизвикале пешаците, истакна Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

За поголема безбедност на возачите и пешаците, СВР- Битола ги потсетува и предупредува сите учесници во сообраќајот на обврската на почитување на правилата и прописите од областа на сообраќајот, почитување на сообраќајната сигнализација како и прилагодување на условите на патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он