Во Битола до 14 часот на 170 избирачки места излезеноста за претседателските избори е 36,21 отсто, додека за предвремените парламентарни 36,59 проценти. Гласањето се одвива непречено и во демократска атмосфера.
Во општина Демир Хисар на 41 избирачко место до 14 часот за претседателските избори гласале 44,23 отсто од избирачите, а за парламентарните 44,51, додека во општина Могила на 23 избирачки места гласале 27,5 процента за претседателските и 27,67 отсто за парламентарните.
Најголем одѕив и понатаму е регистриран во општина Новаци каде на 24 избирачки места за претседателските избори до 14 часот гласале 53,42 отсто од граѓаните, додека за парламентарните гласале 54,01 проценти.