Во Берово утрово минус три степени

Од:

Времето утрово беше студено и ведро со температура што се спушти под нулата во Берово и Лазарополе. Ниски температури кои наместа ќе бидат под нулата според најавите од метеоролозите ќе има и утре.

Утрово минималните температури се движеа од -3 Берово, -2 Лазарополе, нула во Крива Паланка, Скопје Петровец, Крушево и Струмица, еден во Претор и Битола, два во Тетово и Демир Капија, три Охрид, Ѓуриште и Тополчани, четири Пожаране, Штип и Куманово, пет Скопје и Прилеп, шеест Гевгелија, до седум степени во Дојран.

Преку денот времето ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер. Максимална температура ќе се движи од 16 до 24 степени.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он