Во Берово одбележана Европската недела на мобилност

Од:

Во Берово одбележана Европската недела на мобилност. Овие активности, како што информираа од Републикиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се дел од кампањата на Европската комисија, која на ниво на цела Европа се одбележува од 16 до 22 септември.

– Целта на оваа кампања е промоција на алтернативните форми на мобилност во прв ред промоција на велосипедизмот како еколошки и енергетски и еконосмки најефикасна одржлива форма на мобилност. Наша цел како Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со активностите да допринесеме за што поголема употреба на велосипедот, не само за рекреативни цели, туку и во рамките на сообраќајот. Токму затоа го користиме овој период од една страна да упатиме повик до граѓаните што помалку да го користат автомобилот, а исто така да апелираме до велосипедистите да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Пораката до возачите е да ги почитуваат велосипедистите, како рамноправни учесници во сообраќајот, истакна претставникот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Свој придонес во рамки на активностите по повод Европската недела на мобилност, дадоа и претставници од отсекот за превенција при СВР Штип.

– Целта на нашето учество е да ги едуцираме граѓаните како овие луѓе, овие деца како наши сограѓани, да на кратко растојание до пет километри ги користат своите велосипеди, бидејки тоа е најекономично, но е добро и за здравата животна средина и е добро за здравјето, истакна началникот на отсекот за превенција при СВР Штип, Ангелчо Стојановски.

Освен во Берово, активности по повод одбележувањето на Европската недела на мобилност се реализираа и во Општина Пехчево.

Би можело да ве интересира

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани

Малолетник со нож и се заканувал на поранешната девојка

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Горан Наумовски