Во Берово најстудено

Од:

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -1 степени Целзиусови. Следат Попова Шапка со 0 степени, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе, Струмица, 3 Охрид, Куманово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Крушево, Претор, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Кавадарци, 5 Виница, Гевгелија и 6 степени во Демир Капија.

Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер (над 60 km/h). Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло