Во Берово ќе се гради центар за деца со синдром прадер вили

Од:

Во Берово ќе се гради куќа за деца со синдром прадер вили што е дел од активностите за подобрувањето на третманот и прифаќањето на лица со посебни потреби и лица со одредени генетски нарушувања. Ова го истакна попладнево градоначалникот Звонко Пекевски кој рече дека на средбата организирана од ЈЗУ Клиниката за детски болести Скопје што се одржа во Берово била презентирана иницијативата за отварање куќа за живеење на деца со синдром прадер вили во Берово.

Градоначалникот Пекевски информираше дека можноста која ја нуди Владата на РМ со отварање на еден ваков центар во Берово ќе придонесе Берово да биде лидер во регионот, бидејќи ова ќе биде прв ваков центар во државата, а и во самиот регион бидејќи вакви центри нема отворено ниту во соседните земји, а би значело и директно вработување на неколку лица.

– За изградбата на центарот од страна на Општина Берово ќе биде преотстапен еден од објектите на поранешна Пелагонија кој моментално не се употребува и е во сопственост на општината, додека изборот на овој објект е донесен по разгледувањето на неколку објекти во сопственост на општината кои не се употребуваат, истакна Пекевски.

Тој додаде дека овој проект ќе биде финансиран преку буџетски средства од Владата на РМ.

– Во презентацијата беше истакнато дека можностите кои ги нуди Берово како подрачје ги задоволува условите кои се потребни за живеење на лица со овој синдром, како што се предиспозиициите што Берово е мал урбан град, каде има достапност до образовни и здравствени ресурси, достапност до фарми и слични атрибути кои наликуваат на условите кои ги имаат ваквите центри во светски рамки, е токму клучната алка при изборот на изградбата на центар токму тука, рече Пекевски.

Од страна на ЈЗУ Клиниката за детски болести Скопје и тимот кој работи на изградбата на центарот, ќе биде направена на посебна обука за лица кои ќе бидат заинтересирани за работа во него. Во Македонија во моментот се регистрирани 10-тина лица со овој синдром од кои четири лица кои се на возраст од 10 до 20 години се заинтересирани за сместување во центарот кој е планирано за почеток да може да прима од четири до пет лица, но со можности за адаптирање и изградба на дополнителни куќички со што би се проширил и самиот капацитет.

Би можело да ве интересира

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба

Нови шест потврдени случаи на заразени од салмонела во Берово

Нема салмонела кај мострите од лицата и површините во беровската градинка што ги испитуваше Центарот за јавно здравје – Кочани