Во Берово и Делчево се слави победата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На плоштадите во Берово и Делчево, како и пред изборните штабови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се слави победата  во вториот круг на кандидатите за градоначалници Драги Наџински и Дарко Шехтански.

Според податоците од партиските штабови и неофицијалните податоци од општинските изборни комисии Драги Наџински од ВМРО-ДПМНЕ го победи противкандидатот од СДСМ Звонко Пекевски и останува на чело на општина Берово и во наредните четири години, а нов градоначалник на Делчево е Дарко Шехтански, кој доби над 2.000 гласа повеќе од кандидатот на СДСМ, Голубчо Ангелов.

На своите членови и симпатизери им се обратија новоизбраните градоначалници изразувајќи благодарност за довербата и ветија дека уште од утре ќе започнат со работа и реализација на проектите ветени во изборните програми.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар