А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во белата палата тивко и полупразно

by А1он05/05/2019 - 20:33223
Share0

Во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се наоѓа аналитичкиот центар каде што се обработуваат податоците од изборите, за разлика од првиот круг е тивко и полупразно. Ако во првиот изборен круг претставници на Унијата на млади сили беа присутни уште пред да се затворат гласачките места, вечерва тие се малубројни. За разлика од минатиот пат, изостана и скандирањето на партиското име при доаѓањето на генералниот секретар и шеф на изборниот штаб, Игор Јанушев, во партиската зграда.

Добивај вести на вибер

Во прес-центарот присутни се десетици новинари коишто известуваат за првичните резултати од гласањето во вториот круг на претседателските избори во земјава.

Во првиот круг по соопштувањето на првичните резултати од партиското седиште ечеше патриотска музика, а членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се фотографираа пред седиштето на партијата и пееја патриотски песни. Од друга страна, спроти седиштето на ВМРО-ДПМНЕ забележлива е раздвиженост во општинската организација на СДСМ во Центар, којашто се наоѓа на неколку метри од Белиот дворец.

Во исчекување на следната прес-конференција. генералниот секретар на партијата не беше конкретен дали ќе ги признаат изборните резултати и рече дека податоците се обработуваат и ставот ќе биде соопштен на следните прес-конференции.

Васко Маглешов

izbori

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен