Во август 27 пријави за недолично однесување на контролори од ЈСП

Од:

Во текот на овој месец се добиени 27 пријави од граѓани за недолично однесување на контролорите во ЈСП Скопје. Во пет случаи е констатирано неправилно однесување и преземање дејства од контролорите, а во 22 е утврдено неправилно однесување на граѓаните, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со инцидентите меѓу граѓаните и контролорите во јавниот градски превоз по денешната прес-конференција во СУГС „Орце Николов“, Шилегов нагласи дека е зголемена контролата во јавниот градски превоз со што се зголемила и продажбата на билетите во ЈСП, а зајакнат е и Секторот на внатрешна контрола во ЈСП.

Според него, и Градот и ЈСП Скопје инсистираат на целосна законитост во текот на постапките за инволвираните во инцидентите.

– Против овие вработени во ЈСП Скопје ќе бидат преземени сите мерки предвидени во Законот за работни односи, додаде скопскиот градоначалник.

Последниот инцидент се случи завчера кога контролор на ЈСП со тупаница удрил момче во автобус со број 15.

Како што информира МВР, настанот се случил попладнето на улицата „Љубљанска“. Според пријавата, контролорот на ЈСП му побарал билет на Т.Б. и откога го проверил, му побарал повторно да плати карта. Т.Б. одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во пределот на устата.

Би можело да ве интересира

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он

Мицкоски: Бесплатен јавен превоз за студентите ќе има, Владата донесе одлука да му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Предраг Петровиќ

Албански државјанин ограбил две жени во автобус на ЈСП

Горан Наумовски

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели