Во април над 76.600 патници на македонските аеродроми

Од:

Во текот на април месец забележан е најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија, кога на двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 76.653 патници и е пораст за 12.3 отсто во однос на истиот месец минатата година.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во текот на април биле регистрирани вкупно 74.381 патник, а на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле регистрирани 2.272 патници.

По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и бројот на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај со што се овозможија нови директни летови до голем број дестинации по поволни цени за патниците, се посочува во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Авион итно слета на аеродромот во Белград: Патникот почина, му се слошило на летот од Германија

Уапсен турски државјанин на скопскиот аеродром, со фалсификувани визи сакал да влезе во Македонија

А1он

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје

Тепачка во Аеродром: Бабата со тврд предмет го нападнала зетот