Во април на кафе во Портата

Од:

Од април скопјани ќе можат да пијат кафе на видикове­цот на Порта Македонија. Веднаш по изборите, Министерството за култура ќе распише јавен оглас за избор на фирма која ќе ја претвори терасата во кафуле, пишува весникот Вест.

За тоа колкава ќе биде цената за закупување на просто­рот, од Министерството велат дека тоа зависи од пону­дите што ќе ги добијат на тендерот.

„Кога точно ќе се отвори кафулето, не можеме да каже­ме. Веднаш по изборите, ќе ја почнеме постапката и се надеваме дека пролетва тоа ќе проработи. Сигурно е дека кон почетокот на април ќе биде отворена терасата за посетители. Цената на влезниците ќе остане иста – 30 денари”, велат од Министерството за култура.

Оттаму објаснуваа дека ќе има измени и во работното време на видиковецот, но тоа ќе се прецизира откако ќе би­де избран закупецот на кафулето.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош