Во Аеродром акција за собирање кабаст отпад

Од:

Општина Аеродром, Град Скопје и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска и утре организираат акција за собирање кабаст отпад, како делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.

Акцијата денеска ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, од 7 до 11 часот, ќе можат да го остават пред своите домови, доколку живеат во куќа, или пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.

При тоа, посочуваат од општината Аеродром, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата утре ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи