Во 27 сообраќајки викендов во Скопје, повредени 21 лице

Од:

Изминатите три дена на подрачјето на Скопје во вкупно 27 сообраќални незгоди три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 18 се полесно повредени.

Во десет сообраќајки е предизвикана само материјална штета.

Како што информира МВР, за време на викендот се откриени поголем број прекршоци и се санкционирани 11 возачи за непочитување на ограничувањето на брзината на движење, шест возачи за управување возило под дејство на алкохол, 10 возачи кои поминале на црвено светло на семафор и двајца возачи за неотстапување првенство на минување на пешаците на обележан пешачки.

Вкупно 25 возачи управувале возило по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а 80 за непрописно паркирани возила.

Со помош на специјално возило „пајак“ отстранети се 73 возила.

Одделението за превенција при СВР – Скопје во координација со „Здравствен дом“ на Скопје при Министерството за здраство, од денеска до 15 мај ќе спроведе едукативни работилници во средните училишта на подрачјето на градот Скопје, на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со учениците од III-та и IV-та година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он