Во 21 часот ќе бидат објавени прашањата за екстерното тестирање

Од:

Министерството за образование и наука вечер во 21 часот ќе ги објави прашањата за претстојното екстерно тестирање за основните и средните училишта што ќе одржи од 2 до 10 јуни.

На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk ќе бидат јавно достапни вкупно 425.800 прашања од кои 221.900 на македонски и 203.900 на албански, турски и српски јазик. Има прашања за 5.141 предмет во основното образование и за сите струки и насоки во средното образование. Бројот на прашања зависи од застапеноста на предметот во наставниот план.

– За наставен предмет кој е застапен со 1 час неделен фонд во наставниот план за основно и средно образование, изготвени се 100 прашања, за наставен предмет кој е застапен со 2 часа неделен фонд во наставниот план изготвени се 200 прашања и.т.н. Изготвените прашања потоа се проверени и рецензирани од страна на професори ангажирани од Државниот испитен центар, појасни министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес-конференција.

Годинава со екстерното тестирање ќе бидат опфатени вкупно 189.037 ученици од четврто одделението во основно образование до трета година во средното образование, како и 18.126 наставници од вкупно 680 основни и средни училишта.

Три дена пред полагањето учениците ќе бидат известени за предметите по кои ќе бидат тестирани, а до 16 мај секој граѓанин ќе има можност да пријави одредена техничка грешка или евентуална нелогичност во прашањата.

Министерството за образование и наука очекува дека претстојното екстерно тестирање ќе помине во најдобар ред.

– Учениците се добро информирани и запознаени со целокупната постапка и начин на реализација на полагањето, бидејќи се тестираат по втор пат. Истѕо така, имајќи во предвид дека овој модел веќе ги даде очекуваните позитивни ефекти при екстерната проверка на занењето на учениците од завршните години, кога речиси и да емаше технички или било какви други проблеми, очекувам и овој пат, процесот да биде успешно реализиран, подвлече Ристовски.

Кол центрите на Државниот испитен центар ќе бидат отворени за било какви информации или пријави на техничка поддршка во деновите додека се одвива екстерното тестирање.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците