Во 2017 година во Тетово откриени речиси 2 илјади возачи кои возеле без возачка

Од:

Во текот на 2017 година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, полициски службеници откриле 1908 лица кои управувале моторни возила без положен испит и валидна возачка дозвола. Во просек, месечно биле откривани по 150 „диви“ возачи, односно по најмалку пет дневно.

Најголем број од нив управувале патнички возила, но и комбиња, камиони и минибуси. Дел од нив биле и учесници во јавниот превоз на патници. Најчесто, станува збор за помлади лица на возраст од 15, 16 до 35-40 години. Меѓу нив и такви кои го повторувале прекршокот.

Минатата година, исто така, откриени се и 1279 возачи-почетници, кои не се придржувале кон законски предвидените ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, односно управувале возила со поголема моќност или без придружник.

Во текот на 2017 година биле откриени и санкционирани 1518 лица кои управувале возила со истечена регистрација, до и над 30 денови. Глобата за овој вид прекршок се движи од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

Секторот за внатрешни работи Тетово и годинава продолжува со засилени контроли во чие средиште ќе бидат возачите кои управуваат моторни возила без возачки дозволи, возачите –почетници кои не се придржуваат на законските ограничувања и возачите кои управуваат нерегистрирани возила. Исто така, ќе има засилени контроли за откривање на возачите кои не ја прилагодуваат брзината според условите на патот и посебно оние кои вршат јавен превоз на ученици и други граѓани, како и технички неисправните возила.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година