Во 2016 година еднократна парична помош за 808 новороденчиња во Аеродром

Од:

Во изминатата 2016 година, градоначалникот на Општина Аеродром додели најмногу, досега рекордни, 808 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња, од кои речиси подеднакво беа машки и женски, односно имаше вкупно 406 машки деца, а 402 женски деца.

Од нив 495 се првородени деца, а 284 се второродени, во 25 семејства има трето дете, четири се четвртородени.

За разлика од претходните години, и во изминатата 2016 година, најчесто име што им се давало на девојчињата од Општина Аеродром е Ана, а кај момчињата Дамјан, но оваа година има и нов „победнички“ пар на имиња, а тоа се Јован и Јована. Исто така, има и многу деца кои се викаат Јана, Петар, како и Марко. Меѓу новородените има и деца кои имаат ретки имиња како што Кирјана, Лана, Бела, Лена, Дарин, Зои, Доротеа…

Општина Аеродром и годинава продолжува со проектот еднократна помош на секое семејство со новороденче во општината, во висина од 5.000 денари.

Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2017 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се симне на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Изминатиот викенд градоначалникот Коневски додели над 150 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња.

Би можело да ве интересира

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

Левица: ДПМНЕ шверцерски протна две нови висококатници во Аеродром

Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски