Во 2014. зголемен бројот на туристи за 4,8 проценти

Од:

Македонија лани ја посетиле за 4,8 отсто повеќе туристи од претходната 2013 година. Зголемување од 2,7 отсто има кај домашните, а за 6,4 отсто кај странските туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година бројот на ноќевањата е зголемен за 1,8 отсто при што кај домашните туристи има намалување за 0,2 отсто, а кај странските зголемување од 4,7 проценти.

Лани во декември во земјава имало 32.413 туристи кои оствариле 64.687 ноќевања.

Бројот на туристите во декември 2014 година, во однос на овој месец од 2013 година е намален за 3,8 отсто, а бројот на ноќевањата за 6,3 проценти. При тоа бројот на домашните туристи е намален за 6,9, а на странските за 1,7 отсто. Воедно домашните туристи оствариле за 0,8 отсто помалку ноќевања, а странските за 10 проценти.

Најмногу туристи 3.866 биле од Бугарија, 3.212 туристи ја посетиле од Грција и 2.040 од Турција. Најпосетено било Скопје. Во текот на декември минатата година во Скопје според статистичките податоци имало 10.468.

Би можело да ве интересира

Бројот на туристи лани зголемен за 20.6% во споредба со 2022 година

На плажата Голем во Албанија спасени од давење три македонски државјанки, две се во тешка состојба

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Жена ги откри градите среде хрватски ресторан

Зголемен бројот на туристи

Туристите ги наведоа местата кои никогаш повеќе не сакаат да ги посетат, на листата и Скопје

Предраг Петровиќ

Туристи од Ќустендил одбиле да патуваат во Скопје оти се плашеле од каменување

Орце Костов