Во 19 сообраќајки викендот во Скопје, 10 лица повредени

Од:

Десет лица се здобиле со лесни телесни повреди во девет сообраќајни незгоди од вкупно 19 што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 10 сообраќајни незгоди е причинета матерјална штета.

Според податоците на МВР, полицијата исклучила од сообраќај 144 возачи кои се движеле со поголема брзина, тројца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 58 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест почетници.

Полицијата од сообраќај исклучила седум технички несправни возила и 42 нерегистрирани возила.

Евидентирани биле и 163 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 153 возила.

Казнети се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца за неправилно престигнување, 11 за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, десет за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он