Во 18 сообраќајки викендот во Скопје 11 повредени

Од:

Две лица се потешко, а девет полесно повредени во вкупно 18 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје.

Од евидентираните седум сообраќајки во петокот, во пет полесно се повредени шест лица, а две незгоди се со материјална штета.

Во саботата пак, се случиле пет сообраќајни незгоди и истите се со последица материјална штета.

Како што информираат од СВР Скопје, вчера во Скопје се регистрирани шест сообраќајки, во кои велосипедист и возач на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а три лица со полесни повреди. Во три е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 82 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 се исклучени од сообраќај за возење под дејство на алкохол, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 42 возеле со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 69 биле непрописно паркирани.

Санкционирани се и 35 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин и 10 возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“ се отстранети 73 непрописно паркирани возила.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство