• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во 11 сообраќајки вчера во Скопје, шест лица повредени

by А1он26/03/2015 - 09:13100
Share0

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 22 часот на автопатот Тетово – Скопје, во близина на бензинската пумпа „Окта“, во која учествувале едно патничко и едно товарно моторно возило. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од товарното моторно возило, а со полесни сопатник од патничкото моторно возило.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Седумнаесет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото, пет возачи се затекнати како го управуваат возилото под влијание на алкохол и пет возачи коишто поминале на црвено светло на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат возачи на моторно возило коишто сториле прекршок по различни основи.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни предавања во ОУ „7 Март“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски16/01/2026 - 08:3516/01/2026 - 09:08

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец

Горан Наумовски10/01/2026 - 12:05

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски05/01/2026 - 13:1605/01/2026 - 13:17

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски02/01/2026 - 21:2302/01/2026 - 21:26

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше

Горан Наумовски02/01/2026 - 20:59

ЦУК: Возило падна во реката Радика, има загинати во несреќата

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:2802/01/2026 - 20:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен