Внукот на Амди Бајрам, Џани Версаче и неговиот другар Ј.Т. (16) се анонимните јавувачи што ги испаничија учениците и професорите во средното училиште “Арсениј Јовков”, пријавувајќи во Дирекцијата за заштита и спасување дека во дворот од школата има бомба, објави весникот „Вест“.
Весникот во своето он-лајн издание пишува дека веднаш по јавувањето, учениците и професорите биле евакуирани, по што откако инспекторите од Управата за анитероризам ја прочешлале секоја педа од училиштето, утврдиле дека се работи за лажна пријава.
По неколку часа, според „Вест“, внукот на Амди, заедно со неговото другарче дошле во полиција и раскажале дека нивната цел не била да се прекине наставата и да се предизвика паника туку оти навистина забележале предмет кој им наликувал на бомба.