Внукот ја спасил бабата, но дедо му починал откако пожар ја зафатило нивната куќа

Од:

Седумдесет и петгодишен жител на кумановското село Кокошиње почина откако вчера пожар ја зафатил неговата куќа, информираше денеска МВР. Неговата сопруга од куќата ја извлекол нивниот внук.

Во информацијата на МВР се наведува дека во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14 часот настанал пожар на сува трева во село Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и село Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и седумдесет и тригодишната Т.П.

– Од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството, соопшти полицијата.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во последната видео-изјава апелираше жителите да внимаваат, да се евакуираат, да не ризикуваат и да не чекаат последен момент.

Би можело да ве интересира

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Ученичка од осмо одделение запали училница, со чекан тепаше деца, хорор сцена во училиште во Русија