Внук го натепал дедото оти не му давал пари

Од:

Случај на семејно насилство пријавил А.С (78) од долнореканското село Требиште, што вчера утрото го извршил неговиот  внук.

Според СВР Тетово, откако откако не добил пари што му ги барал на својот дедо, Е.С. (25) започнал психички да го малтретира и вербално да се расправа, по што се налутил и го соборил на подот.

– Внукот продолжил да ја оштетува, односно крши покуќнината и да се заканува по животот на дедото, кој подолго време бил малтретиран на ваков или сличен начин, се наведува во соопштението на СВР Тетово.

Набрзо по пријавувањето, Е.С. бил приведен во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување на случајот, ќе се соочи со соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба