ВМРО за Македонија: И во Македонски Брод работат само часовниците…

Од:

Тивко е и празно во Македонски Брод кадешто денес престојуваа кандидатите од Коалицијата ВМРО за Македонија со мобилниот тим. Младите секојдневно заминуваат, се празнат и училиштата во кои Коалицијата ВМРО за Македонија не ги заборава од актуелната власт заборавените жители на Македонски Брод.

Со граѓаните денеска разговара за ветуваните и никогаш реализирани проекти за рурален развој. Овде, велат граѓаните, не се прашува што работи : ЕМО по четири години работа, во 2002 се затвори, а стотина вработени останаа надвор. Затворени се и Печатницата 11 Октомври, Југотутун, Црн Бор , погонот на Астибо… Неславната е и судбина на Самоков, три пати препродаван за време на владеењето на Груевски, сега затворен, со 400 некогаш вработени – сега на улица.

По десет години погубно владеење на ДПМНЕ во Македонски Брод отчукува преостанатото време. Тоа мора да запре веднаш – да ја замени надежта за едно подобро и посигурно утре, порачаа кандидатите на Коалицијата ВМРО за Македонија.

Би можело да ве интересира

Георгиевски: На овие избори на македонскиот граѓанин му треба демократија

Емир Латифовиќ

Ден Дончев: Нема казнувања на малите фирми – ќе го уништиме големиот криминал кој секогаш е во врхушката на власта

(ВИДЕО) Бошкоски: Какви анкети, ќе имаме 15 пратеници

Емир Латифовиќ

Митинг на ВМРО за Македонија во Струмица

Емир Латифовиќ

Георгиевски: Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе биде најголемо изненадување во Струга

Георгиевски: Сината им стои, многу сдсмовци денес управуваат со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ