ВМРО-НП: Тетово не е приватна сопственост на ДУИ

Од:

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија од Тетово упати остар протест на завчерашната изјава на градоначалничката на општина Тетово во која се вели дека овој град може да функционира и без совет и дека не постои никаков договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за избор на градоначалник на Општина Тетово.

„Вас ве гласаа Македонци, Албанци, Турци, Роми и Срби, но тоа не ви дава за право да се однесувате како Тетово да е ваш пашалук или приватна сопственост. Граѓаните од Тетово очекуваат од вас да помогнете да профункционира советот и сите тела и органи и да го олесните и забрзате процесот на преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се со цел граѓаните да можат да ги остваруваат своите права кои произлегуваат од Законот за Локална самоуправа, а не само да бидат исполнувачи на обврските кон општината како што се плаќање на општинските даноци и комуналните такси“, се вели во писмената реакција од партијата.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски