ВМРО-НП: Овој историски ден ја отсликува непрекинатата борба на Македонскиот народ

Од:

ВМРО-Народна партија упати честитка до целата нација по повод празникот Денот на Македонската револуционерна борба и 125 години постоење на ВМРО.

„Овој историски ден всушност ја отсликува непрекинатата борба на Македонскиот народ која пренесена во континуитет продолжува и денеска со стремежот за економско воздигнување, унапредување на човековите права, благосостојба но и зачувување на ова парче земја односно стремежот за безбеден и сигурен живот во Македонија.

Со остварувањето на вековниот сон кој како дел од Уставот на македонските револуционери, Македонија – независна и суверена држава, се остваруваат и идеалите на нашите предци но и идеалот на новите генерации, да ја видат Македонија како дел од големото Европско семејство и НАТО алијансата.

Нека е за многу години и нека е вечна организацијата!“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Доделена државната награда „23 Октомври“

Каевски: Македонската борба е за интеграција и подобар животен стандард, а не за изолација

23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Катерина Ѓуровски

Доделување на државната награда „23 Октомври“

Денот на македонската револуционерна борба се одбележува под посебни услови поради пандемијата

Ана Ололовска

Ден на македонската револуционерна борба