ВМРО НП, ОМ и Достоинство: Целосно стоиме зад одлуката за изборите

Од:

Од Обединети за Македонија за А1 велат дека без никакво двоумење го поддржуваат ставот за оддржување на изборите, и потенцираат дека нема да има никаква промена на тој став кој според нив е заеднички изграден.

„Оваа одлука беше донесена во координација, и работата околу изборите нема средина, или ќе биде така или нема да се оди на избори“, велат од ОМ.

Достоинство го поддржува и стои зад ставот на опозицијата.

„Погубно е да одиме на избори кои повторно ќе ги организираат со притисок и поткуп на гласачите. Благовремено бевме известени од СДСМ, бевме испочитувани и беше разговарано со нас. Ние целосно стоиме зад таа одлука“, вели Стојанче Англелов за А1.

Зад долуката стои и ВМРО Народна од каде што велат дека принципот е прво се договара, а после се објавува. Од тука според партијата, чисти манипулации се информациите за некакви недоразбирања или несогласувања меѓу коалиционите партии.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Мицкоски: Опозицијата продолжува со напади врз нашите стратешки партнери – сега на ред се САД

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија