ВМРО-НП: Со една изборна единица ќе добиеме вистински плурализам во парламентот

Од:

„ВМРО-Народна партија ја потсетува јавноста дека уште во 2011 година кога никој не ни помислуваше да побара некакви промени, а камоли да предложи, упативме иницијатива за промена на изборниот модел.

Цврсто сме убедени дека само со измени на Законот за избори односно наместо шест вештачки изборни единици, се заменат со една изборна единица ќе добиеме вистински плурализам во парламентот, а со тоа ќе добиеме вистинска демократизација на Македонското општество.

Исто така, предлагаме, да се укине однапред утврдениот квалификациски праг за влез во Собранието како и да се сменат правилата на игра и да се воведе државно финансирање со распределба на 0,3% од буџетот на Република Македонија.

ВМРО-Народна партија ги повикува сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива бидејќи само со ваков модел можат да се задоволат општите критериуми за фер и демократски избори во кои во преден план ќе биде изразената волја на гласачите подеднакво на целата држава“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември